Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски: Специјална комисија ќе истражува како се делело земјоделско земјиште

Николовски: Специјална комисија ќе истражува како се делело земјоделско земјиште

Новиот министерот за земјоделство Љупчо Николовски најави формирање на специјална комисија која ќе изврши ревизија како досега се делело земјоделското земјиште, а по завршувањето на ревизијата ќе се предложат соодветени решенија за правилна распредлба на земјиштето, како и мерки што со земјиштето кое било незаконски доделувано.  

„Земјиштето мора да биде во рацете на вистинските земјоделци, зошто синџирот на криминалот во земјоделските политики, потекнуваше од претходната власта, токму од поделбата на ова земјиште. Подготвуваме комисијата како тоа правно би го спакувале, за да во најкраток можен рок да доставиме решение пред Владата, да информираме и да ги добиеме одлуките со кои би можеле да ја започнеме оваа ревизија како е доделено ова земјиште.“ - изјави Љупчо Николовски, министерот за земјоделство.

Освен за земјиштето, истата комисија ќе спроведе истрага и на распределбата на субвенциите. Николовски изјави дека поради проблемите кои ги затекнале во Платежната агенција и во министерството, ќе се пробие рокот за исплата на субвенциите за 2016 година, а ќе се продолжи и рокот за аплицирање за годинешните субвенции. На една од следните седници најави разрешување на сегашниот и поставување на нов директор на Платежната агенција.  


Слично

Поврзани вести