Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски: Процесот треба да биде во рамките на ОН, инаку Македонија ќе биде губитник

Николовски: Процесот треба да биде во рамките на ОН, инаку Македонија ќе биде губитник

Oваа држава се вика Република Македонија и треба да остане да се вика Република Македонија, тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Александар Николовски, потпретседател на партијата во Анализа на ТВ 24. 

Вели дека процесот треба да биде во рамките на ОН, инаку Македонија ќе биде губитник. 

„Грција е далеку посилна од Македонија, и ние тој притисок и уцена од Грција го чувствуваме“- рече Николовски. 

Тој вели дека треба прво да се види пакетот за името, за да дадат конкретно мислење. 

Николовски рече дека партијата е против промена на Уставот. 

Додаде дека и ВМРО-ДПМНЕ додека била на власт преговарала за името, но тој нема детали, и за тоа вели дека да се прашаат преговарачите. 

Николовски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не е на „нож“ со САД и дека во нив гледаат партнер. 

Како факт дека тоа е така споменува дека претходниот лидер и новиот биле во посета на САД. Според него, од ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било кажано ништо лошо против САД. 

Николовски вели дека целта им е да ја демократизираат партијата. 

Слично

Поврзани вести