Николовски: Преживеавме крвничка ноќ-пред нас се договараше убиство на пратеници
Преживеавме крвничка ноќ во која криминални а заштитени од дел полициски структури, имаа една цел - смрт и убиство на повеќе пратеници. Тоа се договараше пред нас.
Горд сум што заедно со храбрите колешки и колеги од мнозинството, бевме спремни на се, за нашата единствена Македонија. Но, ние имавме среќа а има и Господ. Затоа што искрено и чесно се бориме за правда, одговорност, слободно општество и за крупни реформи.
Се бориме да направиме добро за Македонија и идните генерации. А колегите од ДПМНЕ на чело со Никола и Трајко, а освен Ѓорчев и Тодоров, ќе бидат запишани во црната историја на нашата земја. Совеста нема да им биде мирна никогаш.
Заедно со поддршката што ја добивме од граѓаните како и поддршката од САД, ЕУ и НАТО на новиот спикер и на новата реформска Влада, доаѓа демократска иднина за секој граѓанин тука во Македонија!
Фејсбук статус на Љупчо Николовски-пратеник
Слично
