Николовски претставувајќи крупен капитален проект се збогуваше од министерската функција
Последниот ден од функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски го помина работно претставувјаќи капитална инвестиција во делот на водостопанската инфраструктура-изградба на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза.
Нови над 2.000 хектари земјоделска површина ќе се наводнува со новиот систем за наводнување.
„Изминатите две години, направивме крупни реформи во земјоделство и донесовме мерки и закони кои за развој и модернизирање на земјоделството, за враќање на достоинството на нашите земјоделци. Креиравме политики со кои ќе го направиме поекономично земјоделското производство а земјоделците ќе имаат поголем приход. Ми беше особена чест како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство да учествувам во целиот процес за развојот на овој важен сектор за економијата. Со исто темпо МЗШВ продолжува и во следниот период“, кажа министерот.
Тој посочи дека неговата функција ја продолжува Трајан Димковски кој долго време како професионалец работи на проблематиките во земјоделството
„Очекувам и уверен сум дека успешно ќе ги ги продолжи започнатите мерки и проекти, подготвките на целокупниот сектор за отворањето на поглавјата за земјоделство важни за прептристапниот дијалог со ЕУ, и секако отворената комуникација со земјоделците и со сите чинители во секторот, затоа што само така може да создадеме модерно и конкурентно земјоделство кое ќе биде стожер на нашата економија“, рече Николовски.
Од МЗШВ Николовски продолжува да работи во партијата каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар на СДСМ.
