Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОЛОВСКИ ПОВИКА НА ОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ: Oва е тест токму за нашиот систем

НИКОЛОВСКИ ПОВИКА НА ОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ: Oва е тест токму за нашиот систем

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски попладнево изјави дека мора да има закон, ред и мерките да важат за сите, а оние кои се неодговорни, да станат одговорни. 

Вели дека ни треба функционална држава. 

„Oва е тест токму за нашиот систем. Заеднички со здравствените работници, ја водиме оваа борба со невидливот непријател“, изјави тој. 

Вели дека следни убав период за нашата земја, а тоа се претпристапните преговори со ЕУ. 

„Ни се отвораат врати, што секогаш биле затворени за нас“, рече Николовски. 

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека теретани и кафеани му се поважни од здравјето на граѓаните. 

Дополнителниот министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска за настанот кој се случи на 3 јуни 2020 година на улица „Боемска“, рече дека одговорност мора да има, морална за која ќе суди јавноста, а кривична за која ќе суди судот. 

Во угостителски објект каде инспекторите имаа потешкотии да влезат, беше затекнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Слично

Поврзани вести