Николовски откако се врати од одмор: Законите важат за сите еднакво
Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси се огласи денеска на фејсбук коментирајќи ја борбата на државата против аномалиите во системот. Ова е втора негова објава по та авчера во која коментираше за партиски активности, а откако во јавноста се крена голема прашина по тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека бил на одмор во Дубаи. Од Владата потврдија дека вицепремиерот користел стар одмор но никој не кажа дали ја напуштил земјата.
Денеска тој го коментира разрешувањето на директорот на струшката болница, Мухамед Асани.
„Нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните. Изминатиот период бев во постојана координација со надлежниот инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој веднаш ги презеде сите мерки што се во нивна надлежност. Инспекторатот изврши вонреден надзор, и по констатирањето дека во домот на Асани има дива гинеколошка ординација веднаш му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност. Следен чекор на ДСЗИ беше поднесување на пријава за кривична одговорност во Основното јавно обвинителство Струга, за што во тек е истражна постапка. Владата ќе продолжи да работи на механизми и системски мерки за расчистување на сите случаи, во интерес на сите граѓани. Државата е тука за граѓаните. Законите важат за сите подеднакво, напиша Николовски на фејсбук.
Слично
