Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски: Инспекторатите ќе се намалат од 23 на 13

Николовски: Инспекторатите ќе се намалат од 23 на 13

Ќе има некој кој ќе им виси на Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за финансиско разизнавање, Управата за финансиска полиција и инспекторатите и ќе им бара отчет за нивната работа, рече денеска Љупчо Николовски, новиот владин вицепремиер за својата работа што го очекува во овој мандат.

- Нема да создавам паралелен систем, туку ќе ги премостувам пречките. Тоа ќе биде процес кој ќе трае, се работи за системски работи кои се дојдени на ред , треба да се изградат механизми прво на транспарентен начин. Ни требаат стручни и професионални луѓе во кабинетот за тоа и ќе треба да се екипирам, рече Николовски.,

Тој вели дека ќе инсистира на кратењето на привилегиите и во делот на дискреционите права на министритем директорите и раководители. Тврди дека има и огромен број на комисии во кои членуваат вработени од самите органи па земаат плата од две места. 

- Италија 75 години се бори со криминалот и уште тоа трае. Но прво да ја скенираме состојбата и да се екипираме, вели вицепремиерот за борба против корупцијата.

Најави дека ќе се кратат и комисии и одбори, како и нефункционални тела. Бројот на инспекторати од 23 ќе се крати на 13, а ќе има намалување и на сектори каде има слични надлежности.

- Таков пример е Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Агенцијата за промоција на инвестициите и Агенција за претприемаштв, рече Николовски.


Слично

Поврзани вести