Николовски го смирува членството: Заев знае што прави
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва напиша статус на Фејсбук посветен на премиерот Зоран Заев, што е протолкуван како обид да му се укаже на членството дека претседателот на партијата донел правилна одлука да се оди на предвремени парламентарни избори по недобивањето на датум за преговори од страна на ЕУ.
-Знае што прави. Режим сруши. И се друго ќе направи. Да не береме гајле!, порача Николовски.
Николовски беше назначен за генерален секретар на СДСМ, одговорен за материјално-финансиското работење на владеачката партија, заминувајќи од функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и го наследи Александар Кирацовски.
Слично
