Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски: Докторката заразена со корона не беше на мојата свадба

Николовски: Докторката заразена со корона не беше на мојата свадба

„Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзани со вирусот корона. Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба, напиша попладнево на фејсбук Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ. 

Николовски во саботата правеше свадба во скопскиот хотел Александар палас и на веселбата, ако се суди по објавените фотографии на социјалните мрежи присуствуваа многу негови сопартијци, но и многу други пријатели и колеги. Дел од медиумите објавија денеска дека и заразаената докторка била на свадбата, но Николовски тоа го демантира.

„Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19.

Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот“, напиша Николовски на својот профил.


Слично

Поврзани вести