Николовска: Воопшто не е наивно барањето за внесување на Бугарите во Уставот
Адвокатката Ружица Николовска вечерва на протестот пред Собранието рече дека воопшто не е наивно барањето за внесување на Бугарите во Уставот.
Вели дека Македонија сака да биде на патот кон Европската Унија(ЕУ), но не по секоја цена, не со понижувања.
„Можеби сме мала држава и мал народ, но сите имаме големо срце и голема душа“, изјави Николовска.
На деветтиот протест под мотото „Ултиматум, не благодарам“, вечерва беше кажано дека Министерството за надворешни работи(МНР) е киднапирано од министерот Бујар Османи. Дипломатот Зоран Дабиќ порача дека ни требаат компетентни дипломати.
За Протоколот вели дека веројатно е влезен од некоја задна врата во МНР. Потсети на изјавата на Османи, дека ако не го прифатиме францускиот предлог ќе има меѓуетнички тензии. Граѓаните скандираа „Оставка“.
фото принтскрин
