Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николов: Во Штип победи демократијата

Николов: Во Штип победи демократијата

Кандидатот на СДСМ, д-р. Сашко Николов, прогласи победа на вонредните локални избори во општината, по првичните неофицијални резултати. Ова се резултати од партиското седиште, а од Државната изборна комисија се уште нема потврда.

„Денес моите штипјани покажаа голема одговорност и одлучност и испратија јасна порака! Во Штип победи демократијата ! Штип е со Д-р Сашко Николов!“, напиша актуелниот пратеник и нов градоначалник на Штип.

Синоќа во партиското седиште на СДСМ во Штип се собраа членовите и поддржувачите на Николов за да му ја честитаат победата, а прв победата ја прогласи генералниот секретар на владеачката партија, Љупчо Николовски.

Кардиологот Николов, кој работи во Клиничката болница во Штип беше во конкуренција за градоначалничката фотелја со независниот кандифат Трајче Митев,музичарот Лазар Наумов од  ТМРО, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, во чиј состав се Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија, со кандидатот на партијата „Интегра“ чиј кандидат е Нигериецот, а долгогодишниот жител на Штип, Симеон Поликарп-Џими. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на изборите со образложение дека тоа не го дозволува актуелната ситуација со пандемијата.

Мандатот на Николов ќе трае само една година, односно до редовните избори, а ќе го наследи Благој Бочварски, кој стана министер за транспорт и врски.


Слично

Поврзани вести