Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николов: Tребаше да се воспостави контрола на границите, не смееше да се дозволат журки во затворено

Николов: Tребаше да се воспостави контрола на границите, не смееше да се дозволат журки во затворено

Доктор Игор Николов, од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за РСЕ вели дека за овој четврт бран чувството и кај него и кај колегите е дека не гледаме јасно кој е планот.  Според него, општото чувство е дека повторно влегуваме во нешто, можеби повеќе спремни од претходно, но не задоволително, заради тоа што чувството на неорганизираност и недобар план и понатаму постои. 

„Се прекинуваат одмори на колеги и на медицинскиот персонал којшто не е одморен две години и доколку беа спремни тимовите, доколку беа спремни ротациите сето тоа веќе требаше да биде испланирано и подготвено и да нема прекини на она што се случува и да нема дисконтинуитет. Но за жал, општото чувство е дека повторно влегуваме во нешто, можеби повеќе спремни од претходно, но не задоволително, заради тоа што чувството на неорганизираност и недобар план и понатаму постои“, вели тој. 

Додава дека најзначајно требаше да се воспостави контрола на границите, на граничните премини. Во никој случај не смееше да се дозволат луди журки и забави во затворен простор.

Слично

Поврзани вести