Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Заев не се сретнал со ниту еден премиер или претседател на држава од пред аферата „Рекет“

Николоски: Заев не се сретнал со ниту еден премиер или претседател на држава од пред аферата „Рекет“

Зошто после аферата „Рекет“ нема премиер или претседател кој сака да се сретне со Зоран Заев. Јас мислам дека нема премиер или претседател кој ќе седне на иста маса со него, затоа што има перцепција дека е изолиран, рече синоќа во емисијата „360 степени“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тврди дека поради изолираноста Заев нема ниту една официјална посета подолго време. Николоски рече дека Заев упорно избегнува да одговори во јавноста кога последен пат имал официјална средба во официјална посета со премиер или претседател,. Праша кога последен пат тоа се случило со премиер или претседател на земја – членка на Европската Унија.

„Го одбегнува одговорот. Јас го давам одговорот, а тоа е пред да се случи аферата ‘Рекет’. И сега тука легитимно се поставува прашањето, зошто после аферата нема премиер или претседател кој сака да се сретне со Заев. Јас мислам дека нема премиер или претседател кој ќе седне на иста маса со него, затоа што има перцепција дека е изолиран. И тие луѓе имаат опозиција, ќе излезат на избори и ќе им речат седите на сита маса со корумпиран човек“, вели Николоски.


Слично

Поврзани вести