Николоски: За да го решиме транспортот во Скопје треба да се направат три работи паралелно
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека јавниот транспорт во Скопје ќе се реши единствено ако се комбинираат проектите за „Градски воз“, набавка на нови еколошки автобуси и проектот за БРТ.
Вели дека за да го решат транспортот треба да се направат трите работи паралелно.
„Едно е возобновувањето на возниот парк на ЈСП со електрични автобуси за што веќе работиме. Второто е решавање на приградските населби со центарот, а тоа е градски воз и третото е решавање на урбаниот дел со поекономичен транспорт кој јас фигуративно го нарекував трамвај за да им е сликовито на граѓаните, а тоа е трамвај без шини. И трите работи мора да ги споиме и да има синергија меѓу нив. Било која од трите да функционира сама ќе го имаме ова што сега го имаме“, изјави Николоски во гостувањето на „Топ тема“ на телевизија Телма.
Во однос на проектот „Градски воз“ тој потенцираше дека истиот веќе се реализира со засилена динамика на првата линија од Зелениково преку Драчево до Нова железничка станица.
фото Фејсбук/Александар Николоски
