Николоски: Во следниот период нови афери на СДСМ, ги добивме од нивниот партиски врв
По објавувањето на наводни полициски документи во кои се тврди дека Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, барал рекет од околу 250.000 евра од фирма за ископ на гајлен во РЕК Битола, Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ тврди најавува дека во наредниот период ќе се објавуваат афери кои се доставени од самиот врв на владеачката партија.
- Информациите до ВМРО-ДПМНЕ стигнаа од високопозициониран член на највисокото раководство на СДСМ кој заради Законот за заштита на свиркачи не можам да го споменам по име и презиме. Во моментов ВМРО поседува бројна документација за скандали и други афери од коруптивен карактер што ќе ги изнесеме пред јавноста наредниот период, а исто така се добиени од високопозицонирани лица во самиот врв на СДСМ, рече денеска Николоски.
Сања Лукаревска, заменик претседателката на СДСМ, ова тврдење го оцени како лажна вест, одговарајќи на новинарско прашање.
- Тоа беше демантирано од страна на компанијата РЕК Битола, имаше демант и од посоченото лице и од СДСМ. Тоа што е кажувано на задскриени брифинзи, тоа можело да се каже на отворена прес-конференција ако има вистина, рече Лукаревска.
