Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски во Париз на разговори со УНЕСКО за автопатот Струга - Ќафасан

Николоски во Париз на разговори со УНЕСКО за автопатот Струга - Ќафасан

Вицепремиерот Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Францијам а во Париз се очекува да се сретне со претставници на УНЕСКО. Иако не е објавено во агендата, се очекува министерот за транспорт да разговара за судбината на автопатот Струга - Чафасан.

Овој автопат е дел од рпоектот кој го гради „Бехтел и Енка“, но за УНЕСКо е спорна неговата изградба поради тоа што е предвидено да се гради во заштитното подрачје на Охридското езеро. Токму затоа на оваа предвидена делница воопшто не е започната работата на терен.

„Во рамки на постета во Париз, вицепремиерот Николоски ќе оствари работни средби и со претставници од УНЕСКО каде ќе се разговара за предизвиците во насока на зачувување на светското културно наследство“, објавено е во најавата.

На останатите средби во Франција,како што е најавено во соопштението, предвидено е да се претстават планираните инфрастрктурни проекти како дел од регионалниот развој, а исто така ќе се презентираат и условите за инвестирање во Македонија.

„Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николоски предвидено е да се сретне со високи претставници од Министерството за надворешни работи како и претставници од Министерството за економија и финаисии.

Исто така ќе оствари средба со над 10 најголеми компании во Франција пред кои ќе ги презентира приоритетните инфраструктурни проекти како и можностите за инвестирање во Македонија.

Во текот на утрешниот ден предвидено е да оствари средба со министерот за транспорт, Филип Табарo“, додаваат од кабинетот на Николоски.


Слично

Поврзани вести