Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски тврди дека фирма на синот на Милорад Додик добива тендери од МВР

Николоски тврди дека фирма на синот на Милорад Додик добива тендери од МВР

Фирма на синот на Додик, кој е на црната листа на САД, добива тендери во МВР, тврди потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието Александар Николоски. 

Тој ова го кажа во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Николоски вечерва  објави скандал поврзан со безбедносниот систем на Македонија, односно како што рече тој фирма која што е во сопственост на синот на Миодраг Додик, а е на црната листа на САД, добила тендер од Министерството за внатрешни работи за набавка на 1.500 компјутери, нагласувајќи дека се плаши дека целокупниот безбедносен систем во МВР сега е на тацна на компанија која што е компромитирана. Станува збор за босанскиот политичар Милорад Додик против кого се воведени санкции поради тоа што ја застапува идејата за одвојување на Република Српска од БиХ. Санкциите се поради неговата сецесионистичка политика. 

Слично

Поврзани вести