Николоски по средбата во Софија без македонско знаме: Домаќинот очигледно е нецивилизиран!
Вицепремиерот Александар Николоски во синоќешното гостување во студиото на ТВ Алфа за Бугарија рече дека се покажала како „нецивилизиран домаќин“, откако на средбата помеѓу претседателите Румен радев и Гордана Сиљановска Давкова во Софија немаше македонско знаме,туку само бугарски.
- Минимум пристојност е да ставите знаме на државата од која што доаѓа претседателот. И минимум човек треба да е нормален за тоа да го сработи. Најмалку треба да се очекува од претседател на држава да оди таму и да гледа каде има - каде нема знамиња. Тоа не е работа на претседателката,туку на домаќинот да покаже пристојност.
Ама затоа што домаќинот очигледно ниту е цивилизиран, ниту е пристоен, ниту има каква било почит, затоа е работава ваква каква што е .Е сега помизерни од нив се само нашиве домашниве слуги, кои прифатија дека имаме заедничка историја и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, сега зборуваат за патриотизам, рече министерот за транспорт.
Николоски додаде дека за оваа изјава очекува да добие протесна нота од бугарското МНР.
