Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски по ОАЕ, оди во посета на Обединетото Кралство

Николоски по ОАЕ, оди во посета на Обединетото Кралство

Министерот за транспорт Александар Николоски, по средбите во ОАЕ како дел од владината делегација, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство.

Предвидено е вицепремиерот да оствари работни средби со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. 

Според агендата, предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон. Министерството за транспорт соопшти дека тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство. Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.

Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.

„Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена“, оцени министерството предводено од Николоски.


Слично

Поврзани вести