Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОЛОСКИ: Од 31 октомври започнува новата авиолинија Скопје - Ларнака Кипар!

НИКОЛОСКИ: Од 31 октомври започнува новата авиолинија Скопје - Ларнака Кипар!

Од крајот на октомври од Скопје повторно ќе има авионска линија до Ларнака, Кипар. Од Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека „Визер“ ќе лета од Меѓународниот аеродром Скопје до Кипар. 

Според договорот, од Скопје до Ларнака ќе се лета трипати неделно во текот на цела година. Линијата беше укината за време на пандемијата на коронавирусот во 2020 година.


„Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати“, пишува министерот Николоски на Фејсбук. 

Ова е 11-та нова линија за 10 месеци. 

фото Фејсбук/Александар Николоски

Слично

Поврзани вести