Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски најави побрз железнички карго транспорт на Коридорот 10

Николоски најави побрз железнички карго транспорт на Коридорот 10

Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во тек се активности за забрзување на железничкиот карго транспорт долж Коридорот 10.

Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Гевгелија, Николоски рече дека со завршувањето на карго обиколницата во Скопје товарните возови повеќе нема да поминуваат низ центарот на главниот град.

Според него, ова треба да го скрати времето за транспорт и да го направи Коридорот 10 поатрактивен за товарниот железнички сообраќај.

Николоски посочи и дека е воведен систем со едно застанување на железничката граница со Грција, а во тек е изградба на заеднички железнички граничен премин со Србија.

Во однос на најавената брза пруга, министерот рече дека подготовката на документацијата е во тек и дека се очекува документите да бидат завршени во предвидениот рок, во текот на летото.

Изјавата беше дадена при посетата на Гевгелија, каде Николоски изврши увид во градежни активности во општината.

Слично

Поврзани вести