Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Мицкоски и јас сме првите политичари што биле во кралската резиденција

Николоски: Мицкоски и јас сме првите политичари што биле во кралската резиденција

Вицепремиерот Александар Николоски денеска во гостувањето во студиото на Радио Лидер рече дека тој и премиерот Христијан Мицкоски за време на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон биле првите политичари од Македонија што ја посетиле официјалната кралска резиденција на Велика Британија.

Ова според вицепремиерот Николоски ги подигнува односите меѓу двете држави на уште повисоко ниво. Според министерот за транспорт, добиените покани од Кралот Чарлс биле најзначајни од целата агенда.

- Не се случува тоа често во историјата на оваа држава.  Прв пат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на Монархот на Велика Британија. Тоа беше голема чест, пред се за премиерот Мицкоски и лично за мене. Она што ми е драго имаше неколку уметници од Блаканот, од тројца уметници, двајца беа од Македонија и тоа беа самостојни покани и тие не беа во делегацијата на Владата.   

Тоа е нешто што останува за историја и ја носи Македонија на едно ниво со оваа мудра и конструктивна политика која ја води оваа Влада и ова е продолжение на она што го почнавме во мај месец,  средбите со премиерот Стармер и Договорот што го потпишавме Влада со Влада за стратешко партнерско и тоа ја носи Македонија во една друга димензија и тоа е нешто што граѓаните ќе го видат бенефитот во годините што следат” рече Николоски.


Слично

Поврзани вести