Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Менувањето од „македонски“ во „национален“ е интервенција во идентитетот, не само во името

Николоски: Менувањето од „македонски“ во „национален“ е интервенција во идентитетот, не само во името

Институциите со предзнак „македонски“ владата не требаше да ги замени со „национални“, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, бидејќи на тој начин се негира македонскиот идентитет, додека во Преспанскиот договор треба се промени само името на земјата.

„Заев и Димитров секаде зборуваа дека идентитетот е заштитен, а јас не гледам како е заштитен идентитетот, ако „македонско“ или „македонски“ стануваат „национално“ или „национална“. Ова е тотално обезличување и тотално бришење на македонскиот национален идентитет. Значи тоа го зборувавме и пред референдумот, немаме само промена на име, туку целосно национално обезличување кое се реализира во овој период“, истакна Николоски во своето гостување на ТВ 24.

Ваквата негова реакција следува откако пред два дена Владата ги промени имињата на околу 130 институции. Тука влегоа не само оние кои го заменија називот од „Македонија“ во „Северна Македонија“, туку и од „македонски“ во „национален“.

Тој не се согласува со тоа премиерот Зоран Заев да го предлага новиот директор на УБК, затоа што тоа би било голема концентрација на моќта.

– Овој сет на закони е многу сличен на еден сет на закони кој што го предлагаше во тоа време владата на ВМРО-ДПМНЕ, односно Управата за безбедност и контраразузнавање. Претседателот Иванов јасно кажа на координациите дека нема да ги потпише законите затоа што ставаат премногу моќ во рацете на една личност и затоа тие закони не го видоа светлото на денот. – изјави Николоски.

Со законските измени премиерот исто така ќе ја води и координацијата на националната разузнавачка заедница, во која ќе разменуваат информации сите три тајни служби, новата агенција, агенцијата за разузнавање и военото разузнавање.


Слично

Поврзани вести