Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Ќе бараме двотретинско мнозинство за уставни измени

Николоски: Ќе бараме двотретинско мнозинство за уставни измени

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето синоќешно гостување на телевизија Алфа рече дека најголемата опозициска партија кога ќе се врати на власт ќе се обиде да обезбеди двотретинско мкнозинство во Собранието за да направи промена на Уставот, односно ревидирање на амандманите кои претрпеа корекција согласно Преспанскиот договор.

- Прво ќе бидат ангажирани адвокати по меѓународно право и тие ќе работат заедно со нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, која е најголем стручњак по уставно право. На тоа ќе се надоврземе и ние кога ќе се вратиме на власт и ќе се обидеме да обезбедиме двотретинско мнозинство во Собранието за да направиме корекции на амандманите. Борбата допрва почнува - рече Николоски, запрашан што би направил ВМРО-ДПМНЕ во употребата на новото уставно име на државата.

Николоски рече дека и самиот Стево Пендаровски, кандидат на владината коалиција за претседател на Македонија, рекол дека можело да се постигне подобар договор од преспанската спогодба.

- Тоа го кажа на една од ТВ-дебатите и тоа е најголема потврда кога нивниот претседателски кандидат истото го признава - истакна Николоски.

Слично

Поврзани вести