Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Kакви се правата на Македонците во Бугарија?

Николоски: Kакви се правата на Македонците во Бугарија?

Македонците во Бугарија не може да говорат на македонски, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој вели дека најмал проблем е чии права ќе бидат прифатени за тоа што Македонија е демократско општество и секој човек треба да има индивидуални права. 

„Никој во Македонија никому не му прави проблеми да се идентификува како што сака и да го зборува мајчиниот јазик за кој мисли дека му е мајчин. Прашањето е друго – какви се правата на Македонците во Бугарија? Зошто Македонците не може да се произнесат како Македонци во Бугарија и зошто не може да го зборуваат македонскиот јазик, ниту да имаат училишта на македонски јазик“, праша Николоски.

Николоски додаде дека прашањето е и зошто Бугарија не ги почитува одлуките на Меѓународниот суд на правдата во Стразбур, кои бараат да се регистрираат македонски здруженија на чело со „ОМО Илинден“ и „Пирин“ и да се овозможи здружување на национална македонска основа, како и образование на македонски мајчин јазик.

Бугарскиот дипломат, поранешен министер за одбрана и бивш амбасадор во НАТО, Бојко Ноев, вели дека тие не го спорат идентитетот на Македонците. 

Според него, тие не го спорат ниту јазикот, туку само бараат рамноправност за Бугарите.

Македонците да ги признаат своите историски корени, па патот ќе им биде отворен, изјави за БНР  професорот Кирил Топалов, член на мешовитата комисија меѓу Бугарија и Македонија. 

Подготвен е акционен план за соработка меѓу Софија и Скопје. 

Слично

Поврзани вести