Николоски: ЕУ можеше да ја принуди Бугарија со вето за финансиска помош, но не сакаше
Александар Николоски, функционерот на ВМРО-ДПМНе, како гостин во Дневникот на ТВ Сител рече дека Европската унија доколку сакала имала инструменти како да ја принуди Бугарија да ја тргне блокадата за почеток за преговори со Македонија.
„Ако сакаа можеа да дадат вето за финансиска помош и на тој начин да ја примораат Бугарија да отстапи. Кај нив сепак постојат три причини за скепса: висок степен на корупција, нема функционален систем на владеењето на правото, немање имплементацијата на безбедносните реформи“, рече Николоски.
Пратеникот додаде дека Европската унија е „клуб на богати“ и таму веќе имаат скепса кон проширувањето, бидејќи како што вели тој, не сакаат дополнително да примаат сиромашни држави.
Слично
