ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Единаесет нови авиодестинации, Скопје и Охрид ставени на светската мапа

Николоски: Единаесет нови авиодестинации, Скопје и Охрид ставени на светската мапа

Туризмот расте со силно темпо како резултат на 11-те нови авиодестинации што ги воведовме, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто во емисијата „Јади бурек”.

Како што вели, Скопје веќе е ставено на светската мапа.

„Откако сме избрани имаме 11 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Само во мај месец имаме за 101 илјада повеќе туристи отколку во мај месец лани. Туризмот расте со најголемо темпо во државата, 20 отсто раст има во споредба со минатата година и град број 1 за туризам е Скопје, а Охрид е број 2,  што за мене е логично затоа што начинот на туризам се менува“, рече министерот. 

Николоски кажа дека има позитивно мислење од УНЕСКО за реконструкција за аеродромот во Охрид. Тоа би почнало наесен. 

ad
Слично

Поврзани вести