Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски е разочаран и огорчен и бара оставка од Владата

Николоски е разочаран и огорчен и бара оставка од Владата

Заев ја втурна Македонија во бездна, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето во вестите во 15 часот на телевизија Канал 5. 

Тој рече дека настанот на кој денес присуствува ВМРО-ДПМНЕ, како и Алијанса на Албанците и Алтернатива е потврда на интензивната соработка со овие две партии.

Николоски рече дека е многу важно што соработката е на идеолошка основа.

Вели дека е разочаран и огорчен затоа што Бугарија ги блокира преговорите на Македонија со Европската Унија. 

„Заев ја стави Македонија и Македонците пред свршен чин, или Македонците да се одродат или Македонија да не преговара со ЕУ што значи да не напредува. Тој избор кој го постави Заев е резултат на неговите сервилни политики. Или тоа не е избор, а тоа е така затоа што Заев ветил дека ќе испорача се што барале Бугарите и сега ѓаволот доаѓа по своето“, вели тој. 

Бара Владата да поднесе оставка и да се одржат избори кога ќе може. 

Заев да си даде оставка и да се формира експертска или влада на национален спас, бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Барањето го испорача по првата блокада што се случи на денешниот прв состанок на евроамбасадорите во Брисел пред министерскиот состанок на ЕУ. 

Слично

Поврзани вести