Николоски: Доктрината треба да е патоказот по кој што ќе се води ВМРО-ДПМНЕ до победа
ВМРО-ДПМНЕ подготви доктрина која ќе утврди по кој правец ќе се движи партијата, но и државата во иднина.
Доктрината ги опфаќа сите општествени сегменти.
„Доктрината треба да е патоказот по кој што ќе се води ВМРО-ДПМНЕ до победата на извесните предвремени парламентарни избори и после тоа раководењето со македонската Влада. Ако во овие четири години претседателот на партијата Мицкоски заедно со раководството ја стабилизираше партијата очекувам во следните четири години партијата да ја стабилизира и да почне да ја крева Македонија напред“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Канал 5 телевизија.
Николоски додаде дека најзначајно е тоа што со доктрината се проширува опфатот на потенцијални поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.
