Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Aлабаковски не е пироман, тој е ѕвезда и горд Македонец

Николоски: Aлабаковски не е пироман, тој е ѕвезда и горд Македонец

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на социјалните мрежи објави фотографија со пејачот Ламбе Алабаковски. 

„Тој не е пироман, тој е ѕвезда и горд Македонец. А Владата на СДСМ и ДУИ е предавничка“, пишува Николоски. 

Алабаковски синоќа пееше на протестот пред Владата и го запали францускиот предлог. Тој кажа дека ако неговата дијагноза е пироман, тогаш дијагнозата на власта е предавничка. Против пејачот во тек е постапка поради палење на влезната врата на бугарскиот клуб во Битола. Алабаковски прво беше притворен, а потоа му го одземаа пасошот.

Слично

Поврзани вести