Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Ако постои политичка волја, прашањето со Бугарија може да се реши за едно попладне

Николоски: Ако постои политичка волја, прашањето со Бугарија може да се реши за едно попладне

Не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката, изјави синоќа во телевизиско гостување на Канал 5 вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за влезот на државата во Европската Унија(ЕУ), но и за неодамна изнесениот став на премиерот Христијан Мицкоски оти е подготвен да чека со децении без уставни измени. 

Според него, вистинскиот предизвик во целата ситуација не е Софија, туку недостигот на јасна одлука кај клучните европски центри за идното проширување на Европска Унија.

„Јасно е дека не е само Софија проблемот, туку дека е добар изговор за да не се реши проблемот. Чекаме неколку големи главни градови да одлучат дали сакаат проширување на ЕУ или не. Ако постои политичка волја, прашањето со Бугарија може да се реши за едно попладне“, кажа Николоски.

Во однос на негова претходо дадена изјава дека Албанија во блиска иднина нема да стане членка на ЕУ, Николоски рече дека и натаму стои зад тој став, појаснувајќи дека тоа не е поради недоволни реформи на Албанија, туку поради неизвесноста во самата Унија околу проширувањето.

Европратеникот од Бугарија, Илија Лазаров се закани со ново вето за Македонија.

Слично

Поврзани вести