Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николиќ: Работа за професионалните војници по изборите, отпремнините заглавени во Собранието

Николиќ: Работа за професионалните војници по изборите, отпремнините заглавени во Собранието

„Министерството за одбрана како никогаш до сега го решава прашањето за професионалните војници со наполнети 45 години возраст во насока на изнаоѓање системско решение за нивната егзистенција. За професионалните војници кои изразуваат незадоволство што сеуште се во Министерството, а не се распоредени во институциите, сакам да ве информирам дека непосредно пред прогласување на изборите ги добивме сите согласности во насока на нивно решавање во другите институции, но заради законските ограничувања во изборниот период нивното прераспоредување ќе остане по завршување на изборите“ изјави државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ.

Николиќ потсети на новото решение во Законот за служба кој 5 месеци е блокиран во собранието -  професионалните војници да добиваат отпремнина од 1 000 евра за секоја година помината во Армијата, што е износ од 20 000 до 25 000 евра и нова можност за нив. Тој апелираше веднаш по изборите Законот да биде изгласан.

„Како што професионалните војници им помагат во сите ситуации на граѓаните, како што покажаа тековните пожари низ државата, повторно апелирам на избраниците на граѓаните, пратениците, час поскоро да ги изгласаат промените во Законот за служба во Армијата со што ќе им се отвори долгоочекуваната нова можност и на професионалните војници со уште една солуција за решавање на нивниот статус, а тоа се отпремнините во висина од 20 000 до 25 000 евра за нивниот работен век во Армијата“.

Николиќ информираше дека во изминатите 4 години над 200 професионални војници  се вработени во инстутуциите и тоа во противпожарните единици низ Републиката – Скопје, Кичево, Валандово, Неготино, Охрид, потоа судска полиција во Скопје и во Штип, како и во затворска полиција низ казнено поправните домови низ државата. Добиена е согласност од Министерството за финансии и потпишани се спогодби за префрлање на професионални војници со 45 години возраст во противпожарните единици во Куманово и Велес, а трансферот ќе се реализира веднаш по изборите.


Слично

Поврзани вести