Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Тупанчевски ќе биде амбасадор во Србија?

Никола Тупанчевски ќе биде амбасадор во Србија?

Поранешниот министер за правда професорот Никола Тупанчевски дефинитивно заминува во Белград каде наредните 4 години ќе биде амбасадор на Македонија во Србија, објави порталот Експрес.мк.

Како што пишуваа медиумот, властите во Србија пред околу два месеци издале агреман за Тупанчевски, па така што тој заминува во главниот град на нашиот северен сосед.

Тупанчевски беше министер за правда само околу една година и беше сменет без никаква посебна причина, откако на негово место дојде Кренар Лога при влезот на Алијанса за Албанците во владата. Професорот се повлече од тоа место мирно затоа што најверојатно како компромис му била дадена амбасадорска функција.

фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести