Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Тодоров ќе работи како адвокат

Никола Тодоров ќе работи како адвокат

Поранешниот министерот Никола Тодоров вчера свечено ја отвори својата адвокатска канцеларија во Капиштец. 

Оваа информација беше објавена на Фејсбук. 

Тодоров е дипломиран правник, а во владите на ВМРО-ДПМНЕ беше министер за образование и министер за здравство, а потоа и пратеник.

Тој од јули 2009 до јули 2011 година беше министер за образование и наука, а од јули 2011 до јуни 2017 година беше министер за здравство.

По оставката од пратеничкото место во мај годинава,  Тодоров напиша дека одлучил во иднина да се посвети на неговата основна професија, адвокат и да даде поголем придонес во партиските активности.

Слично

Поврзани вести