„НИКОЛА, ТИ НЕ СИ САМ“: Повеќе од 2.000 лица присуствуваа на хуманитарниот концерт!
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот Фејсбук профил објави дека голем бил одзивот на граѓаните за хуманитарниот концерт кој се одржа вчера во чест на младиот Никола, за чие лекување во Турција, се собираат парични средства.
„МОЈА ХУМАНА ГАЗИ БАБА! МОЈ ХУМАН НАРОДЕ ВИ СЕ ПОКЛОНУВАМ! ОД
ВИ БЛАГОДАРАМ!
Горд и среќен сум што имам чест да бидам градоначалник на еден ваков хуман народ.
Повеќе од 2000 луѓе присуствуваа на хуманитарниот концерт за собирање на средствата за лекувањето на нашиот Никола.
Никола на првата наша средба ти кажав дека во оваа борба не си сам, мојата поддршка ја имаше, ја имаш и ќе ја имаш се до завршување на оваа борба од која ти ќе излезеш како победник!
Пред мојот народ давам збор дека по завршување на лекувањето на Никола, Општина Гази Баба ќе организира уште поголем концерт за целиот народ и заедно со Никола ќе го славиме успехот.
Хуман народе ВИ БЛАГОДАРАМ!“, напиша тој.
Слично
