Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Поповски не верува во она што го кажа Марк Руте

Никола Поповски не верува во она што го кажа Марк Руте

Поранешниот министер за финасии и висок партиски функционер во СДСМ, Никола Поповски, објави дека не е убеден во изјавата на холандскиот премиер Марк Руте дадена при посетата на Македонија дека ЕУ ја притиска Бугарија и не ја остава да прави што сака.

„Овој господин едноставно не ја зборува вистината, односно сите нас не` л*ж*. Бугарија де факто е оставена да прави што сака. Впрочем и неговата држава најчесто го правеше истото тоа во минатото и не е исклучено пак да го прави. Сетете се на Меркел со своите ветувања пред промената на името на државата“, напиша Поповски на својот профил ан Фејсбук

Руте во средата беше првиот холандски премиер што ја посетил Македонија, а еден ден подоцна имаше драма во Собранието каде што сепак опозицијата не успеа да и изгласа недоверба на Владата.

- Ако граѓаните на Македонија мислат дека прашањето со Бугарија го оставаме да виси, дека не сме заинтересирани и дека Бугарија може да прави што сака, тоа не е точно, изјави Руте и додаде дека е претпазлив оптимист во однос на тоа дали Македонија ќе ги почне преговорите во декември.


Слично

Поврзани вести