Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Попоски се повлекува од органите на ВМРО-ДПМНЕ?

Никола Попоски се повлекува од органите на ВМРО-ДПМНЕ?

Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ неофицијално поднел оставка од ова партиско тело но и од сите други органи на партијата. 

Во 19 часот Извршниот комитет на партијата ќе заседава, а ќе се разговара и за иницијативата на поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на престојниот конгрес во Валандово и избор на колективно раководство до февруари наредната година кога предлагаат да се одржи вонредниот конгрес.

За утре е закажан состанок и на Централниот комитет на партијата.

Името на Попоски се спомнуваше како можен кандидат за лидер, за што имаше и извесни симпатии од меѓународниот фактор. Тој не е осомничен од СЈО за истрагите кои произлегоа од „бомбите“. 

Слично

Поврзани вести