Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОЛА ПАНОВСКИ ЗА ФАКТОР МАГАЗИН: Здравството е колатарената штета на политичко партиското влијание

НИКОЛА ПАНОВСКИ ЗА ФАКТОР МАГАЗИН: Здравството е колатарената штета на политичко партиското влијание

Професорот Никола Пановски во Фактор магазин изјави дека ја нема веќе ниту едукацијата која претходно ја правеа компаниите кои се занимаваат со производство на лекови. 

Вели дека сега има двојно повеќе средства од времето кога тој бил директор, а не гледа двојно повеќе услуги. 

„Уште 95-та година почна партиско назначување на директори во здравствените установи и тоа продолжува и до ден денес. За жал не гледаме ни такви услуги како што беа тогаш. Да не зборам јас, за тоа не сум заслужен јас, туку давателите на услуги. Така да тоа е многу интересно за анализа. Очигледно дека здравството како што е поставено вака му требаат промени. Збор реформи не сакам да го употребам. А тие ги знаеме од порано, сме имале стратегија за здравство која никој не ја погледнал. Усвоена од минатата власт од ВМРО-ДПМНЕ 2007, а подготвена од СДСМ. Во таа пишува дека ќе има еден медицински факултет на пример,  а знаете колку има. Таму пишува дека ќе има еден Клинички центар. Тоа е стихијна работа која се прави. Во таа стратегија пишува дека некоја мапа ќе се прави, меѓутоа таа мапа не заживеа. Здравствена мапа за да услугите бидат рамномерно распоредени, да се планира за доктори колку треба итн. За да не се случува ова некаде имаме недостаток, некаде имаме вишок. Да се дефинира здравствениот пакет, со овие пари да се знае што му следува на осигуреникот. Тоа не е направено иако пишува во табелата. Да почне од буџетско плаќање на болниците со фиксни буџети да се осамостојат и да работат рентабилно. Меѓутоа за да се осамостојат треба да им се тргне и на фондот и на болниците мечот на политиката. Немаме министер или имаме па му текнало да оди за градоначалник, тоа му било поинтересно, можеби и на другиот сега ќе му текне некаде да оди. Ќе дојде па ќе рече „абе јас дојдов да се промовирам два месеци, да ме видите, да ме викнат на неколку емисии телевизиски, инаку мене целта му беше да се кандидирам за претседател 2019 не ми беше ова. Народот мене ме бара“. Не карикирам тоа е вистина. Ако дојде човек што не бил вклучен во здравствена политика, не ги знае проблемите, многу време ќе му треба да го направи тимот. И додека го направи јас мислам ќе има вонредни паралментарни избори“ - рече тој 

Според него сега главен проблем е  некако да се задржат лекарите, да го вратат дигнитетот што го изгубија.  Вели дека во здравствените установи фали стручен кадар. 

Слично

Поврзани вести