Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Пановски aпелира ноќните клубови да се затворат до Нова година

Никола Пановски aпелира ноќните клубови да се затворат до Нова година

Aпелирам одлуката да се укине до Нова година и повторно да им се забрани на ноќните клубови да организираат забави, изјави микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на Канал 5.

Вели дека ноќните клубови се практично биолошки бомби за ширење на коронавирусот.

„Младите луѓе можеби нема да се заразат, но голема е веројатноста болеста да ја донесат дома и да се заразат повозрасни луѓе. Исто така, сметам дека треба сите луѓе во затворен простор да носат заштитни маски. Освен во продавници и во трговски центри, луѓето кои влегуваат во разни други установи одбиваат да стават маска на лицето. Тие сметаат дека членови на една иста фамилија и дека нема потреба да носат заштитни маски, а всушност тие луѓе ја шират болеста“, рече Пановски. 

Им советува на граѓаните да не се групираат, ако веќе мораат, да носат маски. 

Во период од 06.08 до 11.11.2021 на територија на државата 52.436 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 29% биле целосно вакцинирани, односно 15.456 лица. Податоците ги соопшти Министерството за здравство. 

Инаку, можни се нови мерки за невакцинираните граѓани. 

Слично

Поврзани вести