Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Јанкуловски доби нов ректорски мандат

Никола Јанкуловски доби нов ректорски мандат

Никола Јанкуловски повторно е избран за ректор на универзитетот „Кирил и Методиј“. Тој освои убедливо мнозинство на денешните избори за ректор, и доби мандат да го води универзитетот од 15-ти септември годинава, до 15-ти септември 2023-та година.

Јанкуловски, кој е редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, беше меѓу седумтемина кандидати за ректор.

„Денес заврши изборниот ден за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, кој за прв пат на УКИМ се одвиваше според новиот изборен модел согласно актуелниот Закон за високо образование и Статутот на УКИМ. И покрај сите опструкции и обиди за нарушување кои го следеа изборниот процес, од страна на мал дел на членови на академската заедница на УКИМ, како и на дел на кандидатите за ректор, изборниот ден помина во демократска и мирна атмосфера како што доликува на академската фела на УКИМ. Сакам да изразам огромно задоволство од изборниот резултат, во трка во која учествуваа 7 кандидати, бидејќи добив поддршка од околу 64 проценти од вкупните гласови. Излезноста и покрај обидите за опструкција, како и поради последиците на ковид состојбата беше огромна, односно изнесува 66 проценти. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на електоратот на УКИМ, кој ми ја даде својата поддршка, но и на оние кои не го сторија тоа. Јас користам оваа прилика најискрено да им ја подадам мојата рака и да ги поканам на заедништво и соработка, се во насока на реализација на Програмата за работа за наредниот тригодишен период заради која ми ја дадоа својата доверба, покрај досега сработеното и постигнатите резултати. Ги поканувам сите заедно да го направиме УКИМ онака како што сите сакаме. Стратегијата на УКИМ како стратешко - развоен документ да биде наш завет и обврска. Моја обврска е да продолжам да ја извршувам својата должност одговорно и чесно, согласно законите и етичкиот кодес на УКИМ, при тоа почитувајќи го принципот на академската автомонија, во управувањето и неприкосновеноста на автономијата со отчетност и одговорност за своето работење“, вели Јанкуловски. 

Од вкупно илјада 450 гласачи, за ибор на ректор гласаа 942-ца члена на наставно-научните совети. 106 ливчиња се неважечи, а 478 се неискористени. 

Слично

Поврзани вести