Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Груевски: Зоран Заев и Ден Дончев се од исто село

Никола Груевски: Зоран Заев и Ден Дончев се од исто село

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски денеска на својот профил на Фејсбук како азилант од Будимпешта го коментираше случајот за кој наводно, според одредени медиуми блиски до опозицијата,  директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, бара пари од шведски „Дијаверум“ за да не го попречува купувањето на концесијата на македонскиот дијализен центар „Диамед“

„Еден од ,,подизведувачите” во рекетот на ,,Мишко” кој се одзиваат на зборот ,,Ден”, е всушност мрачен како ноќ. На овој измамник чија единствена идеологија и водилка во животот му се парите, сум му многу благодарен што релативно на време ми помогна да се ослободам од него и од се што потоа ќе ме снајдеше ако самиот своевремено не направи погрешна проценка за тоа кој ќе успее во внатрепартискиот пуч кој неуспешно беше започнат против мене во 2004 година, а на кој тој се придружи убеден дека ја завземал победничката страна.

Типов од она што разбрав, всушност спречувал продажба на фирма за да фирмата си остане со македонски сопственици со цел да си ги рекетира.
Кога видел дека купувач на фирмата е голема мултинационална компанија, сфатил дека со нив лошо ќе помине во однос на неговите планови, па смислил приказна дека јас сум бил скриен сопственик на фирмата за да го плаши купувачот со истраги и компликации и со тоа да го одврати од намерата. Но, купувачот бил прилично искусен и голем, и вакви локални измамници кои 15 години само пред избори се појавуваат ,,на печалба” во Македонија , досега сретнал на многу места, па по неколку месеци додатни проверки и анализи констатирал дека ,,печалбарот” е криминогена личност со јасни рекетарски амбиции. Така, со вклученост на неговата амбасада испраќајќи му со тоа порака на мрачниот тип, ја реализирал својата замисла„, пишува Груевски за Дончев.

Осуденикот на двегодишна казна затвор понатаму коментира дека Дончев имал поддршка од Заев затоа што и двајцата биле по потекло од исто село.

„Мултинационалната компанија дефинитивно констатирала дека си има работа со измамник кога видела дека истиот најпрвин ја исцрпувал домашната компанија со неплаќање на обврските на институцијата која ја водел, за потоа откако ја донел ,,до ѕид”, одеднаш, откако нешто се случило кое многу го задоволило и го направило среќен но и ,,добар човек”, да им ги плати сите заостанати долгови и потоа секој месец да биде најредовен во плаќањата како да е во Шведска.
Веројатно се прашале како е можно овој човек толку многу да сака да е коректен со ,,скриениот сопственик” кого толку многу го критикува и нарекува со најпогрдни зборови.
За овој мрачен како ноќ лик, имам толку многу да кажувам, но не вреди да си го губам времето.
Со Заев се совршен пар, плус од исто село се, што веројатно ја јакне синергијата. Со извинување кон чесните муртинци кои ги запознав кога бев таму и знам дека ги има многу, би завршил со тоа дека му посакувам на Заев долго да останат заедно и да соработуваат како на власт, така и наскоро во опозиција, иако мислам дека најмалку едниот од нив, првиот ден кога ќе се смени владата ќе се качи на авион и ќе лета 36 часа, како и секогаш во минатото“, додава Груевски.


Слично

Поврзани вести