Никола Груевски тврди дека го местат за новото обвинение
Екс премиерот Никола Груевски тврди дека го местат за новото обвинение кое е поднесено против него.
Тој иако е во Унгарија, каде доби политички азил, сепак постојано реагира за сите случаи кои се поврзани со него. Пишува дека со неколку уценети сведоци премиерот Зоран Заев продолжувал со политички прогон и терор врз неистомислениците.
„Тој не се двоуми и самиот да праќа пораки до некои од жртвите дека ќе им пружи милост доколку лажно посведочат против мене. Не му е проблем репресиите да одат и до тој степен да некој со денови затворен, да биде лишен и од вода за пиење, ако веќе нема друг начин како делува. Праќањето на сите инспекции во фирми на бизнисмени со задача да им се изврши притисок да станат лажни сведоци е секогаш првата алатка од која почнува, па потоа ако тоа е неуспешно оди понатаму кон други тортури“, напиша Груевски.
На обвинетиот Н.Г. му се става на товар дека сторил кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“, од чл.273 ст.1 од КЗ и кривично дело ,,Противправно стекнување и прикривање имот,, од чл.359-а ст.1 од КЗ, обвинетите Р.Н., Н.Ј., Ј.К. и Р.К.К. се товарат дека сториле кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“, од чл.273 ст.1 од КЗ, додека С.М. е обвинет за помагање при кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик.
