Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Груевски остана без имунитет

Никола Груевски остана без имунитет

Со 62 гласа „За“, Собранието попладнево едногласно одлучи да му се одземе пратеничкиот имунитет на екс премиерот, Никола Груевски.

Ако Груевски биде екстрадиран во Македонија, или на некој друг начин стане достапен за органите на прогонот, ќе треба да оди во притвор.

Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ немаше на седницата.

Комисијата за мандатно имунитетни прашања претходно му предложи на Собранието да му го одземе имунитетот на екс премиерот Груевски. Предлогот на комисијата доаѓа на барање на кривичниот суд поради намерата на Груевски да му биде одреден притвор за 6 кривични дела.

Груевски доби политички азил во Унгарија. 

Слично

Поврзани вести