Никола Груевски ја искритикува Кацарска на Фејсбук
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски од Будимпешта на својот профил на Фејсбук ја искритикува судијката Добрила Кацарска, за која тврди дека половина година не дозволува жалбата за пресудата за случајот „Тенк“ да стигне до Врховен суд.
„Така е тоа со некои луѓе кои делењето правда го сфаќаат како нешто со што можат да прават што сакаат, а со цел незаслужено да стекнат некаква почит, моќ и слава. Една неправда ја наведе да мора да прави и други неправди за да ја покрие веќе направената неправда... па ќе следи нова, за да ги покрие претходните две, итн. Се до еден момент.......,,кој нанесува неправда, по несреќен е од оној кој ја трпи,,.Демокрит“, напиша Груевски.
Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ доби извршна казна од две години затвор за начинот на кој беше набавен луксузниот мерцедес во случајот „Тенк“, а избега во Унгарија непосредно пред отслужувањето.
