Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Груевски денеска „слави“ една година од бегството

Никола Груевски денеска „слави“ една година од бегството

Поранешниот премиер Никола Груевски на денешен ден во 2018  ја премина границата од Албанија кон Црна Гора со што се одбележува точно една година од неговото бегство од Македонија во Унгарија, каде што беше прогласен за политички азилант и ја избегна казната затвор за случајот „Тенк“ и стана недостапен за македонските органи на прогонот за другите обвиненија.

Обвинителството по една година вели дека нема виновни за овој пропуст, а не се знае ниту како Груевски преминал од Македонија во Албанија. Ни по една година сѐ уште не се знае како излегол од Македонија. Под изговор дека не може технички да се обезбеди снимка, не е познато дали поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Нема снимка на која се гледа дека тој поминува на граничен премин кон Албанија во дипломатско возило, или пак дека преминал вон граничните премини.

Со унгарски привремен пасош изваден од дипломатско претставништво во Тирана, тој премина на легален начин во Црна Гора, Србија и Унгарија. Патувал непречено затоа што по него не била распишана меѓународна потерница.

На 13-ти ноември Груевски на Фејсбук соопшти дека се наоѓа во Унгарија и дека побарал азил. 

Ниту денеска нема наоди и информации дали тој имал логистичка помош во Македонија при подготовките за неговото бегство.


Слично

Поврзани вести