Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Денешната истрага е конструирана со цел за моја дискредитација и понатамошен прогон

Груевски: Денешната истрага е конструирана со цел за моја дискредитација и понатамошен прогон

Откако судот му одреди 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кум на екс премиерот Никола Груевски, на Фејсбук Груевски се пожали дека ова е политички прогон и хајка. 

Тврди дека властите сакаат на ваков начин да изнудат изјави против него. 

„Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта. Се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага и неточно и еден ден се ќе им падне. Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа заедно со лицата прогонувани со намера да се принудат да бидат средство и алатка на власта во прогонот кон политичките неистомисленици“, пишува Груевски. 


По предлог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена Ристо Новачевски заради постоење на основано сомение дека го сторил кривичното дело Перење пари и други приноси, информираа од Основниот кривичен суд.

Обвинителството за организиран криминал и корупција објави дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со 1,3 милиони евра, пари кои неколку години биле собирани како донации за партијата, ги искористил за да купи плац од 11.000 метри квадратни на Водно. 

Груевски е во Будимпешта каде доби политички азил. 

Слично

Поврзани вести