Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОЛА ГИ СОБРА ПАРИТЕ: Ќе може целосно да го реализира лекувањето во Турција!

НИКОЛА ГИ СОБРА ПАРИТЕ: Ќе може целосно да го реализира лекувањето во Турција!

На фејсбук групата „Апел за помош на Никола Ѓорѓиев, вчеравечер беше објавена уште една убава вест поврзана со лекувањето на младиот Никола.
„ Хумани луѓе,

Со задоволство сакаме да објавиме дека ПОТРЕБНИТЕ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА НИКОЛА СЕ СОБРАНИ.

Од името на Никола, како и од името на иницијативниот одбор предводен од градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ВИ БЛАГОДАРИМЕ на сите за хуманоста.

Пред нашиот Никола престои процесот на лекување.

Сите заедно ќе чекаме убави вести!“, стои во објавата.


Слично

Поврзани вести