Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Димитров: Се предлага укинување на ветото во процесот на зачленување

Никола Димитров: Се предлага укинување на ветото во процесот на зачленување

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров објави дека се предлага укинување на ветото како институт во ЕУ кога станува збор за прием на нови членки.

„Во француско-германскиот експертски извештај за реформирана и проширена ЕУ, што денес се презентира пред Советот за општи работи (ГАК) се предлага укинување на ветото односно воведување квалификувано мнозинство наместо консензус се’ до последниот чин во процесот - зачленувањето“, информира поранешниот вицепремиер за евроинтеграции.

Димитров во прилог сподели и линк од документот.

Слично

Поврзани вести