Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОЛА ДИМИТРОВ ЗА СКАНДАЛОТ СО ДИПЛОМАТОТ: Првите индиции се појавија во 2019 година, но немаше потерница или пресуда

НИКОЛА ДИМИТРОВ ЗА СКАНДАЛОТ СО ДИПЛОМАТОТ: Првите индиции се појавија во 2019 година, но немаше потерница или пресуда

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров за ТВ 24, во врска со скандалот со дипломатот од МНР, изјавил дека во 2019 та во МНР се појавиле првите ндиции дека за овој случај ќе се води постапка, но немало информација за потерница и немало пресуда. Според Димитров, МНР написмено ги известиле безбедносните служби кои се задолжени за сертификати и проверки. 

„Согласно Законот на дипломати во МНР не може да им биде поништена дипломатска патна исправа, освен при одземање на безбедносен сертификат што е во надлежност на друга институција. Потерницата од Интерпол е распишана во 2020 год., долг период по враќањето на дипломатот од Виена и за тоа не е доставена информација до министерот Димитров“, изјави Димитров.

Во дипломатските кругови, пишува ТВ 24, се шират информации дека Миле Миленкоски бил проблматичен и склон кон скандали и испади. Поради еден таков случај, во времето на Димитров бил повлечен од ОБСЕ во Виена, но сега повторно вратен.

Слично

Поврзани вести