Никола Димитров: Уставниот суд ќе биде во големо искушение за протоколот со Бугарија
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека протоколот кој произлезе како дополнителен договор со Бугарија за подобрување на односите, може да биде укинат од Уставниот суд.
Во 2025 година Уставниот суд оформи предмет за да го испитува протоколот. „Вториот протокол“ е документ од 2022 година со кој Македонија и Бугарија договорија конкретни чекори за спроведување на Договорот за добрососедство, а неговото значење е големо затоа што стана дел од поширокиот пакет услови околу евроинтеграциите.
- (Уставниот суд) има многу силни правни аргументи, оти што се случи со тој втор протокол? Тој презема обврски кои што се вон Договорото за пријателство, а таа комисија и тие записници што се создадени, постојат за спроведување на Договорот за пријателство. Таму нема обврска за уставни измени, таму нема обврска за резултат од „историската комисија“. процедурално, прашањето помина низ парламентот без при тоа пратениците да имаат увид во документот и да го прочитаат. Така што УСравниот суд ќе биде во едно големо искушение бидејќи тука има многу сериозни правни аргументи, а и политички контекст и импликации, рече Димитров.
Според Димитров, не е невообичаено меѓународен договор да падне на Уставен суд. Пример за тоа бил договорот за разграничување помеѓу Грција и Албанија кој паднал во Тирана.
